ЗабаваШоубиз

Најпродаваната книга на сите времиња – Автобиографијата на принцот Хари, според продажбата за ,,во Гинис”

Автобиографијата на принцот Хари е најпродаваната книга на сите времиња. – Објави нејзиниот издавач.

Веќе има продадено 400.000 примероци во електронски, аудио и класичен формат на книги.

Отсекогаш знаевме дека оваа книга ќе успее, но ги надминува дури и нашите најлуди очекувања“, рече Лари Финлеј, извршен директор на Transworld Penguin Random House.

Колку што знаеме, единствените книги кои се продадени повеќе на првиот ден беа оние со вториот Хари (Потер)“, додаде тој.

Книгата на принцот Хари, чие издание на шпански јазик по грешка беше објавено порано од планираното, официјално излезе во продажба во вторникот.

Нестрпливите читатели се собраа во книжарниците за да добијат копија од мемоарите, кои содржат интимни откритија за британското кралско семејство.

Книгата веќе го привлече светското внимание поради обвинувањата на Хари против неговиот татко, кралот Чарлс, неговата сопруга Камила и неговиот постар брат, принцот Вилијам.

Поврзани новости