ЗабаваШоубиз

На доделувањето на наградите Златен глобус, неколку познати личности се заразиле со корона вирусот

По завршувањето на церемонијата на доделувањето на наградите Златен глобус, неколку хочивудски ѕвезди биле позитивни на коронавирусот, јавува Би-Би-Си.

Актерите Колин Фарел, Брендан Глисон, Џејми Ли Кертис и Мишел Фајфер објавија дека почувствувале симптоми на вирусот неколку дена по доделувањето на наградите.

Инаку, за да присуствуваат на наградите на Здружението на телевизиски и филмски критичари, кои се одржаа во неделата, потребен беше негативен тест за ковид.

Неколку познати личности се огласија на социјалните мрежи и рекоа дека биле принудени да ја пропуштат церемонијата.

Мерките на претпазливост за Ковид, како што се тестирање, вакцинација и носење маски, не беа координирани за време на оваа сезона на награди, пишува Холивуд Репортер.

Одредени церемонии не бараа безбедносни мерки, додека други, како што се Златните глобуси и наградите на Здружението на филмски и телевизиски критичари, бараа тестирање, доказ за вакцинација или и двете.

Во последните шест недели, бројот на заразени лица во Америка надмина 400.000, според Центарот за контрола на болести.

Поврзани новости