ЗабаваШоубиз

„Не се плеткајте со Вил Смит“ – Еди Марфи на Златните глобуси ја „откри“ тајната на успехот во Холивуд

Еди Марфи е познат комедијант и за време на прифаќање наградата Сесил Б. Демил на Златните глобуси во вторникот вечерта, актерот понуди неколку клучни совети за сите што прават кариера во Холивуд, а еден од главните е: „Не се плеткајте со Вил Смит.“

„Сакам да ве известам дека постои единствен план што можете да го следите за да постигнете успех, просперитет, долговечност и мир на умот“, рече Марфи на крајот од својот говор. „Тоа е планот и јас го следев во текот на мојата кариера“. Многу е едноставно, само направете ги овие три работи: плаќајте ги даноците, внимавајте на вашата работа и не кажувајте го името на сопругата на Вил Смит!“

Оваа шега, секако, се однесува на неславниот момент на минатогодишните Оскари кога Смит му удри шлаканица на комичарот Крис Рок затоа што се пошегува на сметка на косата на неговата сопруга. Стилот на Марфи резултираше со огромни смеа од публиката.

 

Инаку, наградата Сесил Б. Демил, која им се доделува на истакнати филмаџии во забавната индустрија од 1952 година, на Марфи му беше врачена од неговите колеги и пријатели Трејси Морган и Џејми Ли Кертис.

Марфи претходно беше номиниран за шест Златни глобуси, а еден го освои во 2007 година за улогата во „Dreamgirls“, за која беше номиниран и за Оскар. Тој исто така пет пати беше номиниран за Еми, а победи во 2020 година за гостување во „Saturday Night Live“. Холивудски познатиот актер, беше номиниран за Греми три пати, освојувајќи награда во 1984 година.

Некои од најзначајните комедии на Марфи ги вклучуваат „The Nutty Professor“ и „Trading Places“, како и популарни филмски серии како „Coming to America“, „Beverly Hills Cop“ и „Doctor Dolittle“.

Популарниот актер доби награда за својата работа на 80-тото издание на Златните глобуси што се одржа овој вторник во Холивуд. Настанот се одржа во знак на враќање на патеките на старата слава на самата награда, како и победата на некои очекувани херои и фаворити, со пар изненадувања. Списокот на сите добитници на награди прочитајте го на овој линк.

Поврзани новости