ЖивотЗдравје

Новиот сој на коронавирусот потврден во 22 земји: Цел свет стравува од лошо сценарио, ова се симптомите

Новиот вид на коронавирус предизвика голем пораст на бројот на заразени во Индија, зголемувајќи ги стравувањата од истото сценарио и во другите делови на светот.

Зборувајќи за појавата на арктурус на прес-конференција на 29 март, д-р Марија Ван Керхове од СЗО рече дека тој бил во оптек неколку месеци.

Истражувањата покажуваат дека арктурус може да биде 1,2 пати позаразен од последната подваријанта. Досега е откриен во 22 земји, важно е што засега не изгледа посмртоносно од претходните соеви.

Познат и како подваријанта омикрон XBB.1.16, наречена арктурус, овој сој првпат беше идентификуван во јануари, а Светската здравствена организација (СЗО) го следи од 22 март, пишува „Индипендент“.

Д-р Марија Ван Керхове од СЗО смета дека варијантата XBB.1.16 наречена арктурус е слична на варијантата кракен XBB.1.5, најзаразната досега.

Симптомите вклучуваат висока температура, кашлица, течење на носот и главоболка, класични симптоми на респираторна инфекција и конјунктивитис (воспаление на конјунктивата на окото), главно кај децата.

Симптомите од варијантата арктурус се инаку вообичаени симптоми на коронавирусот кои вклучуваат знаци на горно респираторно заболување како што се главоболка, болки во грлото и затнат нос, придружени со треска со болки во мускулите, објави болницата „Аполо“ на својата веб-страница. Оваа варијанта, како и претходните, може да влијае на дигестивниот систем, што доведува до дијареја (пролив), се додава.

Меѓутоа, експертите во Индија сметаат дека варијантата XBB.1.16, освен што е позаразна, носи и нов симптом кај децата – конјунктивитис.

Поврзани новости