НАЈНОВО

ЖивотЗдравје

Омилениот пијалок со посебна приказна – Колку кафе може да поднесе нашето тело во еден ден

Кафето е омилениот пијалок на многумина. Некои љубители тврдат дека ова е чудотворна напивка без која не можат да го започнат денот. Така, со причина или не, со повод или без повод, кафето се пие наутро, се ужива на пладне, па дури и во приквечерието… Кафе со пријателите, кафе со книгата… Како и да е кафето е култ, приказна.

Но, дали сте знаеле која е границата и колку шолји од овој пијалок се дозволени во текот на денот?

Еве колку кафе може да поднесе нашето тело во еден ден!

Многу луѓе се колнат дека не можат да ги отворат очите или да разговараат без кафе и дека знаат што му прави кофеинот на нивното тело и која е горната граница. Но, што е вистината?

За почеток, треба да знаете дека кофеинот е стимуланс на централниот нервен систем и се смета за психоактивна супстанца, а со оглед на тоа, неговата претерана конзумација може негативно да влијае на вашето здравје. Значи, колку кафе е дозволено дневно без да се наруши нашето тело?

Според американската Администрација за храна и лекови (ФДА), здрав возрасен човек може да консумира до 400 милиграми кофеин дневно. Поточно, тоа одговара на количината од четири шолји кафе. Под шолја, мислиме на содржина од околу 230 милилитри. Исто така, важно е да се биде внимателен со несаканите ефекти кои премногу кофеин може да ги има врз нашето тело. Кофеинот е диуретик, што значи дека предизвикува зголемено мокрење. Кофеинот може да ви го зголеми и крвниот притисок, а истражувањата покажуваат дека може да го зголеми ослободувањето на киселина во желудникот.

Поврзани новости