ВестиСвет

Погребална служба осудена поради продавање на делови од телата на починатите

Поранешна сопственичка на погребално претпријатие и нејзината мајка се осудени во Колорадо за земање и продавање на делови од телото без согласност на семејствата на починатиот.

Четириесет и шестгодишната Меган Хес и нејзината мајка, 69-годишната Ширли Кох, сецираа околу 560 трупови меѓу 2010 и 2018 година.

Делови од телото се продавале за потребите на медицинско образование без купувачите да знаат дека се незаконски набавени.

Донирањето органи е легално во Америка, но нивното продавање не е. Во некои случаи продавале цели трупови, велат обвинителите.

Хес е осудена на 20 години затвор, а Кох на 15 години.

Хес, која раководеше со погребниот дом „Сансет Меса“ во Монтроуз, на семејствата им наплатуваше до 1.000 долари за кремирање што никогаш не се случило.

Обвинителите, исто така, тврдат дека таа понекогаш нудела бесплатни кремирање во замена за донирање делови од телото.

Со помош на фалсификувани донорски обрасци, таа продавала раце, нозе и глави преку агенција за донирање органи, која сама ја отворила.

Неколку семејства, кои ги кремирале своите најблиски во Хес, подоцна дознале дека добиле пепел измешан со туѓи останки.

„Овие две жени наоѓаа жртви, кои беа ранливи, бидејќи им посегнуваа во периодот на тагување“, рече Леонард Кароло, специјален агент на Федералното истражно биро (ФБИ) во Денвер.

Случајот беше поттикнат од истражувачки новинар на Ројтерс, што го натера ФБИ да ја спроведе рацијата во 2018 година.

На рочиштето во вторник можеа да се слушнат многу емотивни изјави.

„Кога Меган го украде срцето на мајка ми, таа го скрши моето“, рече Ненси Оверхоф, според Денвер пост.

Судијката Кристин Аргуело рече дека ова е „емотивно најтешкиот случај во нејзината кариера“ и ги осуди двете жени на затвор.

Поврзани новости