Балкан

Пожар и на Халкидики

Пожар во тревна површина избувнал нешто пред 11 часот на грчкиот полуостров Ситонија на Халкидики.

Според грчката Прототема, пожарот избувнал меѓу Метаморфоси и Никити.

На терен се 37 пожарникари со 12 возила од кои две противпожарни возила од Бугарија со 10 лица.

Во оваа област бил испратен хеликоптер.

Во моментов не се загрозени станбени области.

Да потсетиме, Грција со денови се бори со шумските пожари што беснеат на Родос, Крф и Евија.

Поврзани новости