Регион

Поројните дождови во Пелагонија поплавија ниви и излеаја канали

Поројните дождови кои од синоќа врнеа во Пелагонскиот регион ги излеаја каналите и ги поплавија нивите во пониските делови на Пелагониската рамница.

Според УХМР најмногу дожд изминатото деноноќие наврнаа во Битола 43 литри на м2, Крушево 38, Прилеп 35 литри.

Жители на селата Долно Српци и Вашарејца се жалат дека по поројниот дожд им се поплавени нивите, а водата е веќе биску до нивните домови и амбари.

„Дождот налегна под вода дел од нивите, а веќе е блиску и до куќите, особено оние во пониските делови од рамничарските села. Ситуација не е алармантна, но ако продолжи дождот на неисчистени и затнати канали со ѓубре и вегетација ќе направи поголеми проблеми. Особено стравуваат тутунарите кои веќе го садат расадот, а во тек се и други земјоделски подготовки на почвата“, вели Тони Николовски од село Вашарејца.

Каналите во Битолско и Пелагонија последно се чистеа за време на корона кризата и тоа нецелосно, на одредени поддрачја.

Поврзани новости