Македонија

Почина македонскиот композитор Кире Костов

На 74 годишна возраст почина македонскиот композитор, инструменталист и диригент, маестро Кире Костов, е роден 1949 година во Битола.

По основното училиште во Битола, маестро Костов средно музичко училиште завршил во Битола, а уште во тој период активно учествувал во културно-забавното живеење на Битола. Прво студираше на Музичката академија во Белград, а потоа и на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Во периодот од 1970 до 1988 година бил прв трубач и солист на Танцовиот оркестар на тогашната Радиотелевизија Скопје, а од 1988 година до денес (2010) и негов диригент. Како единствен претставник на тогашна Југославија, учествувал во Бигбендот на Европската радиодифузија, кој бил составен од по еден инструменталист од секоја земја од Европа.

Автор е на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот.

Од областа на популарната музика има околу триста наслови како композитор – „Летај галебе“, „Кога те нема“, „Твоите очи сине“, „Синот божји“, „Тајно моја“, „Илузија“ и многу други, и уште толку како аранжер на други автори.

Бил еден од основачите на фестивалот за деца и млади „Си – до“ кој се одржуваше во Битола од 1991 до 2000 година. Бил уметнички директор на Интерфест Битола за популарна музика.

Добитник е на бројни награди и признанија. Моментално е диригент на Бигбендот на МРТ, а на Факултетот за музичка уметност предава на отсекот за камерна музика – оркестар.

Поврзани новости