Здравје

Промените се видливи: Што се случува во телото кога ќе престанеме да јадеме благо?

Прекумерното консумирање шеќер го зголемува ризикот од прекумерна дебелина, дијабетес тип 2 и срцеви заболувања, поради што диететичарите советуваат да се намали количината на шеќер на минимум.

Доколку сакаме целосно или привремено да го исфрлиме шеќерот од исхраната, тоа може да доведе до забележителни промени во нашето тело и расположение. Според The ​​Healthy, постојат неколку придобивки што ќе ни се случат доколку се откажеме од слатките.

Ќе изгледаме помлади
Експертите предупредуваат дека претерувањето со слатки може да доведе до рани брчки, поради што ќе изгледаме постари отколку што сме всушност. Од друга страна, ако го намалиме внесот на шеќер, објаснуваат тие, би можеле да изгледаме помлади. Работата е во тоа што шеќерот предизвикува гликација, процес со кој молекулите на шеќер се врзуваат за колагенот и еластинот во нашата кожа.

Имено, ова се двата главни протеини кои на нашата кожа ѝ даваат младешки својства, а откажувањето или барем намалувањето на количината на шеќер што го јадеме може да го намали и нивото на гликоза и инсулин во крвотокот, а со тоа да ги намали хроничните и акутните воспаленија поврзани со стареењето.

Ќе бидеме порасположени
Иако многу луѓе мислат дека слатките ќе ги направат среќни, истражувањата всушност докажуваат дека консумирањето шеќер е поврзано со повисоки стапки на депресија. Како што објаснуваат експертите, тоа може да се должи на фактот што шеќерот може да доведе до хронично воспаление, што директно влијае на функцијата на мозокот. Ако го исфрлиме шеќерот од исхраната, може да забележиме дека сме порасположени.

Слабеење
Шеќерот може да предизвика зависност, а кога ќе ја намалиме количината што ја јадеме, трошиме помалку калории и слабееме. Имено, кога јадеме рафиниран шеќер, нашето тело не добива сигнал дека сме сити, поради што трошиме повеќе калории отколку што всушност ни се потребни и затоа добиваме вишок килограми. Диететичарите објаснуваат дека нашите хормони природно ќе се регулираат кога ќе го замениме шеќерот со хранлива целосна храна.

Посилен имунитет
Бројни истражувања покажуваат дека прекумерното консумирање на храна богата со шеќер, особено рафинирано, е поврзано со ослабен имунитет. Само тоа не прави повеќе склони кон разни болести, а доколку го намалиме внесот на слатки, имунитетот ќе ни биде многу поотпорен.

Поврзани новости