Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 25 степени.

За време на викендот времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во недела попладне и во понеделник ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер што ќе допринесе дневната температура во понеделник да опадне за 4 до 6 степени.

Поврзани новости