НАЈНОВО

Рецепти

Рецепт на денот: Пита со компири и пилешко

Питата со компири и пилешко не бара премногу скапи и комплицирани состојки, ниту пак посебни кулинарски техники, сепак ќе треба да поминете малку време во рендање на компирите.

Питата rappie е едноставно јадење со компири и месо кое се нарекува и rapure или râpure- од францускиот збор за рендан компир.

Кога ќе одлучите да ја направите, испланирајте време за рендање на компирите, кои потоа треба да ги исцедите, а за да биде питата посочна, се додава и пилешката супа.

Состојки:

– 1 пиле (1800 g)

– 5 кг компири

– 1 главица кромид

– 1 морков

– 1 стебленце целер

– 2 лажички сол

– 2 лажици путер

Подготовка:

1. Месото, кромидот, морковот, целерот и солта се ставаат во ладна вода и се загреваат. Кога ќе зоврие, варете околу два часа. Процедете ја супата.

2. Пилешкото исчистете го и исечете го на помали парчиња.

3. Излупете го компирот, ситно изрендајте го и исцедете го вишокот течност така што ќе го ставите во чиста крпа и добро исцедете ја водата.

4. Измерете ја количината на течност што ја испуштиле компирите и фрлете ја. Во сад со ренданиот исцеден компир постепено, со мешаање, додавајте од процедената супа во количина колку водата што ја исцедивте од компирите

5. Половина од смесата ставете во голем подмачкан сад за печење, па наредете го исечканото месо. Покријте со остатокот од компирите и се додава омекнатиот путер. Се пече на 200 степени Целзиусови половина час, додека не порумени. Потоа намалете ја температурата на 180 степени и печете уште два часа.

Поврзани новости