НАЈНОВО

Моја кујнаРецепти

Ролат со јаболка: Најлесен рецепт за вкусна торта на која нема да можете да одолеете

Доколку барате малку поинаков рецепт за десерт кој ќе го вклучува вашето омилено овошје јаболко, прочитајте подолу за ролатот направен од него. Најдобро од се? Смесата за ролатот се пече заедно со бисквитот што го олеснува целиот процес на подготовка. Добиениот ролат вклучува приближно 15 порции, а секоја е околу 230 калории.

Состојки:
400 гр јаболка
250 мл белки (околу 8 јајца)
200 гр шеќер
50 гр мелени бадеми
2 лажички бел вински оцет
2 лажички пченкарен скроб
1 лажичка екстракт од ванила
цимет во прав и шеќер по желба за посипување на јаболката
излупени бадеми за посипување на ролатот
шеќер во прав за посипување на ролатот

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени.

2. Јаболката измијте ги, крупно изрендајте ги во сад и исцедете го вишокот вода.

3. Исцедените рендани јаболка рамномерно распоредете ги на плехот за печење. Посипете со мелен цимет и шеќер по желба. Притиснете ги во плехот за печење.

4. Во чист сад се матат белките додека не се стегнат, постепено додавајќи 200 грама шеќер. Внимателно измешајте ги оцетот, пченкарниот скроб, екстрактот од ванила и мелените бадеми.

5. Добиената маса се става врз јаболката, се измазнува со шпатула и се посипува со кришки бадеми. Се пече во рерна загреана на 200 Целзиусови степени додека не порумени, приближно 10 до 12 минути.

6. По печењето, врз врелиот ролат се става хартија за печење, а врз него се става решетка. Брзо, но внимателно превртете го ролатот на другата страна.

7. Додека јаболката се уште се топли, со помош на хартија внимателно завиткајте го колачот во ролат и оставете го да се излади. Отстранете ја хартијата и посипете со шеќер во прав пред сервирање. Добар апетит!

Поврзани новости