НАЈНОВО

Автомобили

Сеат повеќе нема да произведува автомобили

Сеат повеќе нема да произведува автомобили и во иднина ќе го замени Купра, потврди претседателот на Фолксваген.

На прашањето за иднината на Сеат на саемот на автомобили во Минхен, Томас Шефер кажа: Иднината на Сеат е Купра, пренесува Аутокар.

Шефер кажа дека постоечките модели на Сеат и понатаму ќе се произведуваат додека не им истечат традиционалните животни циклуси, но дека марката потоа ќе биде изгасена како произведувач на автомобили.

Името Сеат ќе остане и нема да биде повлечено, а Шефер кажа дека Фолксваген групата ќе најде улога за него. Наместо тоа, марката веројатно ќе биде свртена кон други решенија за мобилност како електрични тротинети и слично.

Шефер кажа дека потенцијалот за заработка на Купра е далеку поголем. Со таа цел, истакна дека Фолксваген групата силно ќе вложува во Купра.

Купра форментор ќе ја наследи купра таваскан, а фирмата претстави нов почетен модел купра урбан ребел, како и електричен спортски автомобил купра дарк ребел.

Сериската верзија на овој автомобил ќе почне со производство во 2025, во фабриката на Сеат Марторел во Шпанија, заедно со близнаците од другите марки на Фолксваген групата, вклучувајќи го ИД.2.

Шефер кажа дека шпанските купувачи добро реагирале на купра па истакна дека Купра останува најбрзо растечката марка во Европа.

Можно е сеат леон да стане купра леон уште од редизајнот во 2024 година.

Поврзани новости