ВестиСвет

Серија земјотреси во Романија

Во текот на ноќта Романија беше погодена од серија земјотреси, од кои најсилниот беше 4,3 степени според Рихтеровата скала.

Според податоците на веб-страницата ЕМСЦ, земјотресот се случил еден час по полноќ по локално време на југозападот на земјата, на 72 километри од градот Дробета-Турну Северин.

Уште два послаби земјотреси со јачина од 3,9 и 3,2 степени се почувствувани синоќа, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Најпрво синоќа во 21:28 часот по локално време е регистриран земјотрес чиј епицентар бил на 11 километри североисточно од градот Тисман во областа Горц, на длабочина од шест километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.

Во вторникот Романија ја погоди силен земјотресот со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, што беше почувствуван и во регионот.

Поврзани новости