Битола инфо

Се судрија маж со мопед и малолетен велосипедист, двајцата се повредени

Малолетник е тешко повреден во сообраќајка во Битола што се случила вчера попладне.

На 18.10.2023 во 14.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Охридска“ во Битола се случила собраќајна несреќа помеѓу мопед „априлија“ со битолски регистарски ознаки, управуван од М.М.(42) од Битола и велосипед кој го управувал малолетник од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, а М.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола, соопшти полицијата.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

Поврзани новости