Балкан

Силен дожд во Северна Грција, невреме ги поплави Патра и Пелопонез

Невреме ги поплави Патра и Пелопонез. Денеска силен дожд врне и во Северна Грција. Има поплавени делови од патната мрежа.

Подрачјето на градот Патра, каде улиците се под вода, е силно зафатено од дождовите, соопштија локалните власти. Противпожарната служба испумпува вода од приземјето на куќите и продавниците. Ситуацијата е сериозна, но не и катастрофална, смируваат пожарникарите и Цивилната одбрана. Пороен дожд оваа ноќ го зафати и Пелопонез.

Според Националната опсерваторија, дожд, невреме и град денеска до крајот на денот ќе ја зафатат Северна Грција и островите во Јонското Море.

Од сообраќајната полиција известуваат дека сообраќајот е запрен на поплавените делови од патната мрежа, а автомобилите се пренасочуваат на обиколни правци.

Цивилната одбрана препорачува избегнување на патувања за време на екстремни временски настани.

Се очекува од утре врнежите да престанат над целата земја.

Поврзани новости