НАЈНОВО

Битола инфо

Со дефиле по Широк Сокак и со изведба на Комитското, по 53. пат светскиот фолклор се славешево Битола

Со дефиле по Широк Сокак и со изведба на Комитското, по 53 пат вчера светскиот фолклор се славеше на Илинденски денови во Битола

Над 1.200 гости од Ирска, Италија, Мексико, Чиле, Грузија, Хрватска, Србија, Бугарија и Македонија ќе настапат на многу локации низ градот, претворајќи ја Битола во отворена сцена во следните неколку денови. Ова е фестивал кој трае вкупно 13 денови и има испланирано 60 настани, како културно ехо на манифестот од 1903- а годинава се одржува под мотото “Отворен круг”.

По традиционалното дефиле на Широк Сокак и изведбата на “Комитското” на КУД Илинден од Битола 53-то издание на фестивалот „Илинденски денови“ го отвори потпретседателот на Собранието Горан Мисовски.

Големото дефиле на „Илинденски денови“ ја прокламира племенитата мисија на илјадници народни уметници да се преслика автентичната вредност на културното наследство на идните генерации. За градот домаќин и организаторот овој фестивал над половина век е печатот на нашиот идентитет. Место каде го споделуваме своето и го уважуваме туѓото во духот на Гоцевата мисла.

“Илинденски денови” отсекогаш бил отворен круг за уметници, љубители на традицијата, нови кадри. Луѓето што го востановиле овој фестивал секогаш гледале подалеку, иако некои мислат дека гледале кон минатото, но минатото е секогаш учител за нашата иднина. Цели 53 години фестивалот настојува да ја продолжи традицијата живо да егзистира меѓу народот. Фестивалот во последните години целосно се отвори кон светот, благодарејќи на добивањето на сертификат на интернационален CIOFF фестивал и со тоа влезе во семејството на CIOFF (International Counsil of Organizations of Folklore Festivals and Folklore Arts) официјален партнер на УНЕСКО, формиран во 1970 година, кој работи за заштита, промоција и ширење на традиционалната култура на глобално ниво.

“Илинденски денови” е амбасадор на македонската култура во светот. Фестивал што започна скромно како републички фестивал на народни песни и игри пред повеќе од половина век, а прерасна во интернационален и е единствен фестивал од Македонија што е во елитата на фолклорни фестивали во светот.

Овој фестивал буди носталгија, убави спомени и ги инспирира младите генерации да продолжат да творат и да се интересираат за фолклорот” истакна директорката на Центарот за култура Битола, Маја Андоновска-Илијевски кои се организатори на овој голем фестивал кој се реализира со поддршка на Министерството за култура и Општина Битола, а под покровителство на на Собранието на РСМ.

Поврзани новости