НАЈНОВО

АвтомобилиЖивот

Тојота и лани најпродавана марка на автомобили во светот

Тојота денеска објави дека минатата година продала 10,5 милиони возила, што ја прави најпродавана марка на автомобили во светот. Продажбата на производителите Хино Моторс и Даихатсу, кои се дел од групацијата Тојота, е намалена за 0,1 отсто во 2022 година, додека рекордни 8,6 милиони возила се продадени во странство, што помогна да се компензира намалувањето на бројот на продадени возила на јапонскиот пазар.

Фолксваген беше втор најпродаван автомобилски бренд во светот минатата година. Претходно овој месец објави дека има најниска продажба во последните 10 години – минатата година продаде 8,3 милиони возила.

И Тојота и Фолксваген се соочуваат со тешкотии во бизнисот. Сепак, јапонскиот производител објави дека силната побарувачка во Азија и зголемениот производствен капацитет во Азија и Северна Америка придонеле за пет отсто зголемување на глобалното производство во 2022 година, пренесува Ројтерс.

Поврзани новости