НАЈНОВО

Шоубиз

(Фото) Каролина Гочева секоја година на овој специјален ден задолжително е во Битола

Како што наближува Нова година и новогодишните празници, сите се радуваме на празничната еуфорија. Тоа е период кога семејствата, пријателите, се собираат и слават, се купуваат подароци…

Каролина пред Нова година, има уште еден повод за славење. Имено, пред 31 декември и стана пракса редовно да биде во родната Битола и со своето семејство. Со повод и причина Каролина задолжително е присутна за роденденот на нејзината мајка, овој пат јубилеен 70-ти.

Пејачката сподели неколку куси видеа на Инстаграм, на кои е заедно со нејзината мајка Светлана сестрата и двете внуки.

Дамите стиснати една покрај друга пред тортата кога мама и баба ќе ги дува свеќичките.

Насмеани, расположени на денот кога се создаваат нови сппмени кои без никакви отстапки не смеат да трпат и да бидат изоставени, баш како што пее Каролина во својата песна – без оглед на се’!

Поврзани новости