НАЈНОВО

Рецепти

Чоколаден чизкејк без печење кој ќе ве освои после првото залче

Чизкејкот за многумина е омилениот десет. Доколку припаѓате на групата обожаватели на овој рецепт, тогаш пробајте ја неговата чоколадна верзија.

На овој колач нема да потрошите многу време за да го подготвите, односно потребни ви се 15-на минути.

Состојки:
За подлога:

– 150 грама мелени бисквити;
– 100 грама путер.

За крем:

– 300 грама чоколадо за готвење или темно чоколадо;
– 500 грама маскарпоне сирење;
– 100 грама шеќер во прав;
– 250 милилитри павлака за шлаг.

Подготовка:
1. Мелените бисквити измешајте ги со стопениот путер. Во кружен калап за торти со обрач, ставете ја смесата од бисквити и путер, па добро втиснете ја на дното од калапот, а потоа ставете ја во замрзнувач додека не подготвите крем.

2. Чоколадото скршете го на коцки и растопете го. Потоа оставете малку да се излади. Со миксер во еден сад направете го шлагот. Во друг сад измешајте ги маскарпонето и шеќерот и додадете малку од стопеното чоколадо. Во таа смеса додадете го и шлагот и лесно мешајте додека не соедините се.

3. Извадете го калапот од замрзнувач, прелијте го со кремот и ставете ја тортата во класичен фрижидер неколку часа да отстои.

Поврзани новости