Патувањa

10 интересни факти за Франција кои не сте ги знаеле

Веруваме дека секој од нас сонува за одмор од било каков вид, а особено за одмор во Франција.

Доколку посетата на оваа земја е на вашата листа, тогаш можеби е добро да дознаете одредени забавни факти за истата.

Знаевте ли дека Франција е најголемата држава во Европа и една од најпопуларните туристички дестинации на светот? Франција има одлична кујна, неверојатни вина, прекрасни градови и шармантна култура.

Од најголемиот музеј на уметноста до суеверија за лебот, оваа листа е прилично интересна.

10 интересни факти за Франција кои можеби не сте ги знаеле:
1. Франција е најпосетената земја на светот.

2. Франција е помала од Тексас.

3. Музејот Лувр во Париз е најголемиот музеј на уметноста во светот. Овој музеј е толку голем што доколку сакате да поминете 30 секунди гледајќи го секое уметничко дело, потребни ви се околу 100 дена да го видите цел музеј.

4. Французите секоја година јадат по 25.000 тони полжави.

5. Франција произведува над 1.500 видови сирење.

6. На супермаркетите во Франција не им е дозволено да ја фрлаат храната на која набрзо ѝ истекува рокот на траење. Наместо тоа, тие мора да ја подарат во некоја хуманитарна организација или банка за храна. Франција го усвоила овој закон во 2016 година за да помогне во намалувањето на стапката на глад меѓу населението.

7. Уште еден интересен факт за Франција е тоа што еден од нејзините кралеви бил на тронот само околу 20 минути. Ова било едно од најкратките владеења на монарх кое некогаш постоело.

8. Дали знаевте дека француската војска била таа која ја измислила камуфлажата? Французите ја измислиле камуфлажата во текот на Првата светска војна во 1915 година така што ангажирале уметници да ги офарбаат нивните возила и оружје за да се вклопат во опкружувањето.

9. Французите веруваат дека ставањето на багетот или било кој друг вид на леб наопаку на маса може да предизвика лоша среќа. Ова верување датира од средниот век и никогаш не исчезнало.

10. Французите пијат над 11 милиони чаши вино секоја година. Од сите земји на светот, Франција консумира најголема количина на вино. Вкупно, Французите трошат околу 25 милиони хектолитри годишно.

Поврзани новости