Македонија

2.037 повици на 112 во изминатите 24 часа, двојно повеќе од просекот

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно пристигнатите директни информации од граѓаните и од институциите од Системот за управување со кризи (СУК), на територијата во државата заради саботните нагли зимски временски прилики со дожд, снег и ветер (иако најавени) при што имаше проблеми во сообраќајот, немаше пожари на отворено, туку само во населени места, во саботата имаше вкупно 2.037 повици кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, речиси двојно од просекот, а веднаш наредниот ден нешто повеќе од просекот – 1.690.

Иако вкупниот број на повици за итни случаи се намали за малку, се зголеми бројот на повици за решавање итни случаи преку ЦУК. Конкретно, во саботата имаше 30,05% упатени кон ЦУК од реалните итни повици за комбинирано решавање, што е за трипати повеќе од највисокиот вообичаен просек, а вчера имаше за четирипати повеќе од највисокиот вообичаен просек од повици упатени кон ЦУК – 41,00%.

Тоа секако се податоци, иако на дневна основа, што овозможуваат увид и анализа на оптовареноста и подготвеноста за одговор пред, за време и после „кризни пикови“ што истовремено ја покриваат речиси целата територија на државата, на ЦУК, а секако и на другите институции, претпријатија и служби од СУК.

„Реални“ повици за итни случаи биле 45,09%, а 54,91% други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни. Со примањето во ЦУК на овие „други“ повици се растоваруваат од непродуктивни за нив такви повици службите коишто се за итно интервенирање, а се решаваат и тие што се за комбинирано решавање, а не само за ангажман на една служба, институција.

Кон Полицијата биле упатени 26,55% од повиците, кон Итната медицинска помош 26,84%, кон пожарникарите биле упатени 5,01%, а кон АМСМ 0,59%. Кон Центарот за управување со кризи имало 41,00% од „реалните“ повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, што секако, заедно со другите 54,91%, „неитни повици“ биле предмет на примање, одговорање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК.

Поврзани новости