Балкан

34 лица пријавиле сомнително труење од газирани пијалоци во 10 болници низ Хрватска

Вкупно 34 лица се пријавиле кај лекарите во различни делови на Хрватска поради сомневање за труење од газирани пијалоци.

Најмногу пациенти дошле во КБЦ Загреб, дури 17 лица. Од нив, двајца се со ерозивни повреди, но никој не е задржан на болничко лекување. Шест пациенти дошле во КБЦ „Сестри милосрдници“, а сите шест биле отпуштени дома, и кај ниту еден не биле констатирани ерозивни повреди. Во клиничката болница „Меркур“ во Загреб се пријавиле двајца пациенти. Еден е задржан на болничко лекување, а еден е отпуштен дома, пренесуваат тамошните медиуми.

Еден пациент е задржан и во болницата во Риека.

Докторите контактирале уште тројца пациенти во Сплит и по еден во Карловац, Вараждин, Винковци, Чаковец и Вировитица.

Медиумите потсетуваат дека хрватската јавност беше вознемирена од случаите на сомневање за труење од газирани пијалоци низ целата земја.

Поради нив, Државниот инспекторат нареди повлекување на дел од производите на компанијата „Кокa-Кола“ и и забрани на компанијата да не пушта во продажба нови производи додека не се утврди дека се безбедни за потрошувачка. И трговските ланци и угостителските објекти почнаа да отстрануваат дел од асортиманот поврзан со оваа компанија.

Поврзани новости