Рецепти

7 грешки што многумина ги прават кога месат тесто

Многу домаќинки и домаќини избегнуваат да замесуваат тесто затоа што мислат дека нема да им успее. Навистина, тестото може да биде малку потешко за подготовка доколку не се придржувате до количините наведени во состојките, но денес има многу трикови кои ја олеснуваат работата. Сите сакаат печива, леб, кифлички, а со помош на 7 едноставни совети секој ќе успее да направи совршено тесто.

Погрешни пропорции
Многу состојки се додаваат пасивно и тоа е една од главните причини зошто тестото не успева. Секогаш користете правилни мерења кога додавате состојки и тестото сигурно ќе ви успее уште при првиот обид.

Долго месење
Не месете го тестото премногу долго, бидејќи тоа може да доведе до активирање на глутенот, па тестото ќе стане тврдо. Кога месите тесто доволно е да го правите тоа додека состојките убаво не се соединат.

Не користете состојки чиј рок поминал
Многумина не ги проверуваат датумите на состојките што се користат за подготовка на тестото. Или ако забележат дека датумот е неколку дена поминат, сметаат дека сепак е во ред да се искористи. Навистина е точно дека некои намирници може да се употребуваат и по истекот на рокот, меѓутоа тоа дефинитивно не важи за сите. Ова особено се однесува на квасецот. А, доколку користите состојки со поминат рок, нема да можете добро да го замесите тестото, а ниту печивото нема да биде вкусно.

Добро подмачкајте го плехот или користете хартија за печење
Ако не сте ја подмачкале добро тавата или не користите хартија за печење, тестото ќе се залепи за дното, а тоа е една од честите причини зошто печивото не успева.

Температура
Ако сакате печивото, лебот или кој било друг производ од тесто да бидат совршено испечени, тогаш водете сметка за температурата. Многумина ја зголемуваат температурата за печивото да се испече што е можно побрзо, но тоа не дава добри резултати. Секогаш приспособувајте ја температурата наведена во рецептот.

Не отворајте ја вратата од рерната
Некои сакаат да ѕирнат како се пече, да мириснат, но прават голема грешка. Никогаш не отворајте ја вратата додека печете тесто! Бидејќи штом ја отворите, температурата ќе се намали, а тоа може да доведе до спласнување на тестото.

Пресечете го дури откако ќе се излади
Многумина го сечат печивото, лебот или некој друг производ од тесто веднаш штом го извадат од рерна. Но, тоа е погрешно. Оставете добро да се излади, па дури потоа пресечете го, бидејќи и додека се ладат, производите од тесто и натаму се печат.

Поврзани новости