НАЈНОВО

Настани

„Latin Jazz Grooves“ – Концерт на Битолскиот Дувачки Оркестар

На 1 декември 2023 година со почеток во 20:00 часот во Центарот за култура во Битола, БИТОЛСКИОТ ДУВАЧКИ ОРКЕСТАР ве поканува на нов голем концерт насловен „LATIN JAZZ GROOVES” – Big Band Edition.

Дојдете да уживате во латино звуците на нашиот оркестар и во прекрасниот вокал на нашиот гостин Бојан Стојков.

На репертоарот ќе имате можност да слушнете голем број на популарни светски хитови меѓу кои и македонски евергрини во латино ритам.

Не ја пропуштајте оваа можност да бидете дел од ноќта исполнета со заразните латино ритмови.

Влезниците по цена од 300 денари можете да ги набавите на билетарницата во Центар за култура – Битола.

Поврзани новости