ЗабаваЗанимливости

Mercedes ќе ги почести вработените со рекорден бонус од 7.300 евра

Германската компанија Mercedes-Benz дел од профитот дели со своите вработени од 1997 година, а годинава ќе им исплати рекордна сума.

Во 2022 година околу 100.000 вработени во Mercedes-Benz добија бонус од 6.000 евра како „знак за почит“ по профитабилната 2021 година, а по минатогодишните перформанси, германскиот гигант најави рекорден бонус од 7.300 евра. Парите ќе ги добијат околу 93.000 квалификувани вработени.

Бонусот ќе им биде исплатен на вработените во Германија заедно со платата за април. На почетокот на финансиската 2023 година ќе се воспостави нов систем за пресметување на бонуси. Од Mercedes велат дека новата стратегија ќе биде усогласена со постоечкиот систем за управување.

Овие дарежливи бонуси доаѓаат во време кога Mercedes одлучи да инвестира 40 милијарди до крајот на деценијата за да ја финансира својата електрична понуда. Луксузниот германски бренд има намера да продава само електрични возила на пазарите каде што дозволуваат условите од 2030 година.

Компанијата развива неколку нови платформи како што се MMA за компактни автомобили, MB.EA за средни и големи возила, како и платформата AMG-EA за модели со високи перформанси. Покрај тоа, платформата VAN.EA ќе биде основа за комерцијални возила и мини комбиња.

Во соработка со партнерите, Mercedes ќе изгради осум фабрики за батерии за да го поддржи својот растечки опсег на електрични автомобили. Исто така, има намера да го намали буџетот за развој на мотори со внатрешно согорување за 80 отсто до 2026 година, што ќе има директни последици врз работната сила со цел да се намалат трошоците. Од истата причина ќе се поедностави и понудата на компактни автомобили, а се верува дека во историјата ќе заминат хечбекот и седанот од А-класа, како и Б-класата.

Mercedes-Benz верува дека хибридните и електричните автомобили ќе учествуваат со половина од вкупната годишна продажба до 2025 година, пет години порано од првичните проценки.

Поврзани новости