ВестиСвет

Ако сте во Турција внимавајте: Можни се терористички напади каде што се шетаат западните туристи

САД излезе со уште едно предупредување за можни терористички напади во Турција.

Амбасадата на САД во Турција денеска ги предупреди Американците за можни напади врз цркви, синагоги и дипломатски претставништва во Истанбул. Ова е второ известување за четири дена, откако се случи палењето на Куранот во Европа.

Во ажурираното безбедносно предупредување, амбасадата на САД соопшти дека „можни се непосредни одмазднички напади од терористи“ во областите посетени од западни туристи, особено во градските населби Бејоглу, Галата, Таксим и Истиклал.

Неколку амбасади во Анкара, во петокот меѓу и оние на САД, Германија, Франција и Италија, издадоа безбедносни предупредувања за можни одмазднички напади врз места за богослужба, по одделни инциденти во кои беше запалена муслиманската света книга Куранот во Шведска, Холандија и Данска. И Турција ги предупреди своите граѓани за „можни исламофобични, ксенофобични и расистички напади“ во САД и Европа.

Стотици муслимани во Индонезија се собраа пред шведската Амбасада во Џакарта во знак на протест против палењето на копии на Куранот во Шведска и Холандија. Тие ги запалија портретите на данскиот антиисламски активист Расмус Палудан, како и знамињата на Шведска, Данска и Холандија.

Поврзани новости