ЗабаваЗанимливости

Античка статуа на Херкулес пронајдена во римска канализација

Античка римска статуа на Херкулес е откриена при поправка на канализациониот систем под парк во Рим.

Делото, кое го прикажува митолошкиот херој и очигледно датира од периодот на Римската империја (27 п.н.е. до 476 г. н.е.), е пронајдено во близина на Апијскиот пат. Станува збор за ликот на Ercole, римската верзија на Херкулес.

Работниците ја забележале статуата кога дел од неа излегувала од земјата на околу три километри од почетокот на Апискиот пат.

„За нас беше големо изненадување, пронаоѓањето на мермерна статуа во природна големина, која врз основа нa лавовскиот капут дефинитивно можеме да ја идентификуваме како фигура што го претставува Херкулес“, велат од археолошкиот парк Апија.


Откритието е направено при поправки на канализациони цевки кои се урнати, предизвикувајќи потопи и лизгање на земјиштето. Ископувањата се вршени со присуство на археолози на длабочина од 20 метри.

„Гардијан“ потсетува дека во ноември минатата година во мрежата на бањи изградени од Етрурците во Тоскана беа откриени куп бронзени статуи, сочувани илјадници години под кал и вода. Меѓу нив има 24 делумно потопени статуи, кои датираат од пред 2.300 години и го претставуваат најзначајното откритие од ваков вид во последните 50 години.

Поврзани новости