Македонија

„Балконот“ на Албански театар и „Женска гардероба“ на Театар Комедија вечерва на МТФ „Војдан Чернодрински“

Со претставата „Балконот“, Албанскиот театар од Скопје вечерва во 19.30 часот ќе гостува во Прилеп, на официјалната програма на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“.

Терминот од 22 часот на шестиот ден на фестивалот е резервиран за Театар Комедија од Скопје, кој ќе ја изведе „Женска гардероба“ на сцената на Театарот „Војдан Чернодрински“.

И денеска во 10 часот во киното „Мис Стон“, во рамките на програмата „Чернодрински за деца“, поддржана од Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со Театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“, со свое видување на драмата „Вејка на ветрот“ ќе се претстават учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп – Вања Младеновски, Теодора Велкоска, Бојана Најдоска и Исидора Николоска, под менторство на наставничката Билјана Тинтоска и асистентот Филип Стојаноски.

На пладне предвидено е да се одржи тркалезна маса, овој пат со екипите на претставите „Циркус Пирандело“ од Струмица и на турската претстава „Човек перница“.

Македонскиот драмски фестивал „Војдан Чернодрински“ оваа година се одржува од 9 до 16 јуни во Прилеп под мотото „Враќање дома“. Повеќе информации за Фестивалот може да најдете на следни ов ЛИНК.

Поврзани новости