Битола инфо

Битола зафатена од големо невреме – итно свикан кризниот штаб

Невреме со силни врнежи од дожд, град и грмотевици попладнево ја зафати Битола. Врнежите предизвикаа поплавување на дел од улиците посебно под населбата Баир. Дел од нив како Илинденска, Дебарска, Козара, Димитар Влахов и други насликуваа на реки.

Поплавени се визби, гаражи, продавници, дворови, а сопствениците поставуваа импровизирани браници за водата да не им навлезе во домовите. Поради поплавените улици, отежнато се одвиваше и сообраќајот во овој дел од Битола.

Во меѓувреме, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски соопшти дека за во 18:00 часот го свика општинскиот кризен штаб по повод интензивните врнежи на дожд кои ја зафатија Битола.

„Општина Битола ќе ги стави на располагање сите расположливи ресури и сум во постојана координација и комуникација со надлежните институции се со цел санирање на последиците од интензивните врнежи на дожд“ вели Коњановски.

Поврзани новости