Настани

Викендов два концерта MTV The Greatest Hits 80’s & 90’s со Камерен оркестар на Битола

Националната установа Камерен оркестар на Битола информира дека проектот MTV The Greatest Hits 80’s & 90’s на камерниот оркестар продолжува да го привлекува вниманието на љубителите на музиката.

Најавениот концерт за 3 февруари беше распродаден за 3 часа, а денеска ќе почне продажбата на билети за втор концерт што ќе се одржи в недела, на 4 февруари во битолскиот Центар за култура.

-Публиката уште еднаш ќе ужива во магијата на златните години на музиката, со изменет репертоар кој вклучува и незаборавни рок хитови од легендарните рок бендови што ја обликуваа музичката сцена во оваа ера како што се Guns N’ Roses, Queen и многу други. За задоволството на публиката да е уште поголемо вонвременските хитови од 80-тите и 90-тите ќе бидат изведени од Dona Marina Martensson, женскиот вокал на светски познатата авангардна музичка група Лајбах, потоа Полина Тасева, Ана Петановска, Агни Авшар, Јасна Димитровска, Ирена Димовска, Мила Николовска, Огнен Димовски, и поп-рок хорот БИТВОКС, информираа од НУ Камерен оркестар на Битола.

Како што е познато, од неодамна Камерниот оркестар на Битола работи како национална установа во земјава.

Поврзани новости