ВестиМакедонија

Во изминатото деноноќие произведени 13.520 мегават-часови електрична енергија

АД ЕСМ вчера произведe 13.520 мегават-часови електрична енергија, соопшти Владата.

Струјата е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта и други витални држави субјекти.

Според Владата, во термоелектраните произведени се 8.656 мегават-часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 4.864 мегават-часови електрична енергија.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 1.680 мегават-часови електрична енергија.

Поврзани новости