ЗабаваЗанимливости

Во Лондонското метро се одржа настанот „Ден без пантолони“

По две години неодржување поради пандемијата на корона вирусот, во неделата во Лондон повторно се одржа возењето без панталони во метро, ​​кое стана традиција.

Во прашање е токму она што е напишано во името на настанот, кој уште од првиот настан во 2002 година во Њујорк се одржува во градовите ширум светот – возење во метро без панталони, пренесува Euronews Србија.
Како што пишува британски Метро, ​​сите лондончани знаат дека иако е „слободен стил“, постојат одредени непишани правила за учество.

Меѓу правилата е да не зјапате во другите и да избегнувате контакт со очите. Исто така не е дозволена проѕирна или премногу оскудна облека.

Организаторот – The Stiff Upper Lip Society секоја година ја чува патеката на возење во тајност. Оваа година, пристигнувањето во Чајнатаун ​​беше единствениот начин за заинтересираните да се приклучат на возењето.

Погледнете како овој настан изгледаше тука.

Поврзани новости