Македонија

Вработените во УЈП секој ден од 10 до 12 часот ќе протестираат на работните места – се организираат за генерален штрајк

Вработените од УЈП почнувајќи од денеска, секој нареден ден од 10 до 12 часот, ќе штрајкуваат без да ги извршуваат работните обврски од работното место. Најавија и дека веќе се влезени во постапка за организирање на генерален штрајк, дознава Телма.

Вработените на УЈП и во вотрникот излегоа на предупредувачки протест пред министерството за финансии. Побараа средба со министерот Бесими, но тој не ги прими со одговор дека се подготвува општ колективен договор и дека во овој период не можат да преговараат за поединечни случаи. Вработените тврдат дека претходно со министерството бил постигнат договор, но од непознати причини тој се уште не е потпишан од Бесими.

Тврдат дека во преговорите тие дури и се откажале од некои свои права.  Документот го пратиле до финансии, но е  нејасно е зошто Бесими  не го потпишува.

Предупредија дека ако не исполни договреното ќе бидат приморани да одат на генерален штрајк со целонса блокада на нивната работа, а тоа ќе значи колапс за целата држава.

Нивниот револт порасна откако министерството за финансии, под чија надлежност се и тие, ги зголеми платите за 30%, но само за вработените во финансии.

За утре, протест најавија и од Царинската Управа. И тие бараат зголемување на платите и рекоа дека доколку не се слушне нивното барање, ќе се радикализираат, па дури и ќе затворат дел од граничните премини.

Поврзани новости