Македонија

Времето денеска: Свежо утро, преку ден сончево со температури до 28 степени

Времето утрово ќе биде свежо, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време со свежи утра. Утре и задутре во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд.

Поврзани новости