КултураНастани

„Ги запознаваме ретките болести“ – Мал замислен проект, а сега Национална кампања

Месец февруари традиционално е посветен на ретките болести. Во текот на 28-те дена во февруари, граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со 28 ретки болести, како и за методите на дијагностицирање, лекување и предизвици со кои се соочуваат лицата кои боледуваат од ретки болести.

На стартот на петтата сезона ,на Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“ која е во организација на здружението „Ретко е да си редок“, претседателката на Здружението Гордана Лолеска, се заблагодари на компанијата Mozzart која застана како генерален спонзор зад кампањата.

 

Своевремено, Лолеска објасни како оваа кампања од година во година расте и веќе е прерасната во национална кампања за ретките болести.

Најпрво, би сакала да испратам голема благодарност до компанијата Mozzart што реши да застане зад нашата кампања посветена на ретките болести за кои треба да зборуваме се повеќе. Нивната помош многу ни значи на секое поле и е премногу важна. Без помошта која компанијата ни ја даде, работите би биле многу потешки и посложени.”

,,Во 2019 година започнавме скромно со двајца стручни соработници, а изминативе пет сезони овој тим брои околу 60 видни професионалци во својата работа. Овој проект првенствено беше замислен да оди во вид на текстови за ретки дијагнози по веб порталите секој ден во месец февруари, но ентузијазмот за работа и идејата да се направи нешто повеќе го дозбогатија проектот со видеа и аудија за секоја болест, така што проектот се емитуваше низа цела територија на Македонија и низ различни медиуми со што еден мал замислен проект прерасна во национална кампања за ретки болести“, изјави Лолеска.

Имено, проектот „Ги запознаваме ретките болести“ ќе се реализира во текот на цел февруари на територијата на цела Македонија, годинава на над 70 локални и национални и две сателитски канали на македонски и албански јазик.

Првиот ден на ретки болести беше прославен во 2008 година на 29 февруари, редок датум што се случува само еднаш на секои четири години. Оттогаш, Денот на ретките болести се одржува секоја година на последниот ден од месец февруари, месец познат по својот редок броj на денови.

Поврзани новости