Македонија

Двојно помалку медицински сестри има во јавното здравство од потребното

Двојно помалку медицински сестри има во јавното здравство од потребното.

Овој кадар масовно си оди од болниците и клиниките и само за една година се испразнети над 400 работни места. Дел заминале во пензија, поголем број ангажманот го продолжиле во приватниот сектор, а седумдесетина ја напуштиле земјата.

Не може некој 5 години да работи со договор на дело за 12 илјади денари и на конкурс наместо договорците да бидат вработени трети лица, алармираат од Унијата на здруженија на медицински сестри.

-Кога се со договор на дело и не ги вработувате нормално дека ќе си заминат. Жалосно е што повозрасни специјализиран исестри со искуство си одат односно со семејствата ја напуштаат државата. Има некои агенции, не знаеме кои, кои нудат за Германија и многу се пронашле во тоа, вели Гордана Бешлиовска претседател на Унија на здруженија на медицински сестри.

Медицинските сестри се уште немаат закон, ниту пак Комора… велат министрите за здравство само се менуваат а тие се статускво со нивните барања. Не е добра состојбата и со стоматолошки сестри кои се дефицитарни и затоа во средно треба да има и ваква паралелка.

Професијата медицинска сестра е и дефицитарна и неценета. За време на пандемијата беа во првите редови и добиваа аплаузи. Денес се уште чекаат повисоки плати и достоинствени услови за работа.

Поврзани новости