Македонија

Денеска сончев и прилично студен ден, а во вторник и среда не очекува дожд и снег на планините

Денеска ќе биде сончево и ќе преовладува силен студ, а на запад мала до умерена облачност. Доцна во текот на денот облачноста ќе се зголеми, а во северните региони ќе провејува снег во текот на ноќта. Наутро ќе дува слаб северен ветер, попладне со претежно јужен ветер. Температурите ќе бидат од -14 до 7 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и студено со мала облачност, со температури од -10 до 3 степени.

Нов влажен бран се прогнозира во вторник и среда претпладне, со снег на планинските и повисоките предели и дожд на пониските места. Во вторник ќе дува засилен јужен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст до крајот на неделата.

Поврзани новости