Битола инфоВести

ЕСМ: Блок 1 на РЕК Битола од вчера е повторно во функција, беше плански исклучен од мрежа за интервенции

Блок 1 на РЕК Битола од вчера попладне е повторно ставен во функција и испорачува електрична енергија, соопштија од Електрани на Македонија. Додаваат дека блокот беше плански исклучен од мрежа, заради повеќе интервенции, на различни позиции, а со цел зголемување на стабилноста на постројката.

Лани, за разлика од претходно, заради енергетската криза во која се наоѓа државата, не се извршија класични ремонти на блоковите во летниот период, кои предвидуваат запирање на производството од најмалку еден месец. Од ЕСМ соопштија дека во текот на следната недела ќе биде исклучен Блок 2 на РЕК Битола. Ќе се реализираат активности за нега и санација на постројката кои е планирано да траат десетина дена.

Поврзани новости