Битола инфо

Изработени првите тактилни слики од месинг

Со цел уметноста и архитектурата да им се доближат на слепите и лицата со оштетен вид во Заводот и музеј Битола од постојаната музејска поставка  се претставени  првите тактилни слики изработени од месинг во  Македонија.  

Изложбата е направена во соработка со  двајца уметници- кујунџии од Скопје. Новина е што на секој од месинганите експонати е инсталиран  НФЦ таг кој паметниот телефон лесно  го препознава и води до аудио нарација и видео на знаковен јазик. Месингот е избран за да се долови металот од кој некои артефакти се изработени.  Уметничките слики кои не можат да се направат како копија со платно и со четка, се обидовме  да ги направиме со месинг,  изјави  Ирена Ружин, иницијатор на проектите за пристапност во Завод и музеј- Битола.

Инаку  оваа мултисензорна изложба  е со цел да биде достапна за посетители со различни попречености.

Постојаната музејска збирка брои преку 2.000 предмети, а од нив имаме  изработено видеа на заковен  јазик за лица со проблеми со слух и говор и стотина тактилни слики за оние со оштетен вид. Се надевеме дека во  иднина ќе имаме и посебна секција каде слепите лица ќе можат самостојно да го доживеат нашиот музеј, изјави Јове Парговски , еден од изработувачите на сликите и стручен соработник за документација во Завод и музеј Битола.

Поврзани новости