Битола инфо

Казнети 58 возачи за брзо возење во Битола

Вкупно 58 возачи се казнети за брзо возење во вчерашната акциска контрола спроведена на територија на СВР Битола. Од нив 42 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 16 надвор од населено место.

МВР соопшти дека на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

– Акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР.

Поврзани новости