АстрологијаЖивот

Како ќе ни влијае полната Месечина во Скорпија на 5 мај?

На 5 мај 2023 година нè очекува затемнување на полната Месечина во Скорпија. Затемнувањето на полната Месечина е предвесник на некаков крај и претставува трансформативен настан кој нè движи од една димензија на свеста во друга. Можат да се случат ненадејни промени кои ни дозволуваат да се ослободиме од минатото и да ги насочиме нашите животи во нова насока.

Ова затемнување на полната Месечина во Скорпија, исто така, носи синхроничност и симболика, како и силна енергија на бројот 5.
Затемнувањето на полната Месечина во знакот Скорпија ќе настапи на 5-тиот ден од 5-тиот месец во годината. Енергијата на бројот 5 е силна и симболизира промена, имагинација и игра. Поврзана е со елементите воздух, земја, оган и вода, а во астрологијата петтата куќа се поврзува со знакот Лав – љубов, романса, деца и работи кои нè прават среќни.

Овој период можеби нема да ни биде премногу среќен бидејќи со себе носи тешки енергии кои на површина изнесуваат длабоки емоции. Повторно ќе се навратиме на минатото при што ќе се почувствуваме незаштитени и ранливи.

Како можеме да се справиме со предизвиците во текот на овој период? Можеби треба да ослободиме дел од контролата, да ја отклучиме моќта на имагинацијата и со љубопитност да им пристапиме на работите. Можеби ништо не е толку сериозно како што ние сметаме дека е. Еве на кој начин можете да ја искористите енергијата на полната Месечина во Скорпија:

Направете нешто само за забава.
Бидете позитивно расположени.
Набљудувајте ги околностите со љубопитност.
Дајте си слобода да бидете свои.
Прифатете ги промените.
Препознајте ги непријатните емоции.
Не избрзувајте со своите постапки и не претерувајте.
Оставете го сето она што повеќе не сакате да го задржите.
Запомнете дека секој крај има нов почеток.

Поврзани новости