Рецепти

Каша која го закрепнува црниот дроб и го чисти организмот од токсини: Овој појадок јадете го 2-3 пати неделно и ќе почувствувате наплив на енергија

Овесната каша се смета за една од најздравите намирници за избор за појадок, а доколку сакате линијата да ја доведете во ред, задолжително треба да појадувате.

Не е потребно да се спроведе некое специјално истражување за да се утврди дека во јануари не почитуваме никакви правила за здрава исхрана, што често резултира со вишок килограми кај поголем дел од луѓето.

Сега кога ја увидовме грешката, време е да направиме сѐ за да ја поправиме. Дека телото не функционира како што треба најмногу се чувствува преку хроничниот умор. Доколку се будите уморни, значи дека веројатно црниот дроб не функционира како што треба.

Додадете го на тоа и металниот вкус во устата, жолти дамки на јазикот и ќе сфатите дека е време за чистење на организмот.

Експертите се сигурни дека црниот дроб може да закрепне доколку секој ден за појадок ја јадете оваа овесна каша.

Рецепт за каша која го закрепнува здравјето на црниот дроб:
– Овесно брашно – 1 чаша. Овесот го блокира апсорбирањето на штетните материи, ја забрзува елиминацијата на токсините, го олеснува процесот на варење, му обезбедува на телото потребна енергија.

– Тиква – 20 до 40 грама. Таа ги обновува структурите на клетките на црниот дроб и подмладува. Помага во чистење на сите органи. Јадењето свежа тиква на празен стомак ги подобрува функциите на желудникот и системот за варење на храната.

– Суво-грозје, половина дланка. Ја оптимизира функцијата на црниот дроб, помага при обновување на клетките.

– Бадеми – по желба. Го нормализираат црниот дроб.

Подготовка:
Сите состојки ставете ги во мало тенџере. Додадете вода или млеко, па оставете да зоврие. Може да додадете и малку сол. Кога ќе зоврие, тргнете го садот од оган, поклопете и оставете малку да отстои.

Препорака е оваа каша да ја јадете 2-3 пати неделно.

Поврзани новости