Здравје

Кога количината на кафе е преголема: Ова се симптоми на труење со кофеин

Многу луѓе не можат да замислат да го започнат денот без кафе, но пречекорувањето на количината на кофеин може да доведе до штетни ефекти, како што се нервоза и забрзан пулс.

Во тешки случаи, прекумерната консумација на кофеин може да доведе до состојба позната како труење со кофеин или предозирање.

Кога се јавува труење со кофеин?
Труењето со кофеин се јавува кога има претерано високи нивоа на кофеин во телото, што се манифестира со низа непријатни и потенцијално опасни симптоми, вклучувајќи отежнато дишење и напади. Имало случаи кога луѓе починале како резултат на труење со кофеин.

Симптоми на труење со кофеин
Труењето со кофеин ја надминува типичната главоболка предизвикана од кофеинот, која се јавува кога ќе претераме со пиење кафе во текот на денот. Препораката за здрави возрасни е да не консумираат повеќе од 400 милиграми кофеин дневно, што е околу четири до пет шолји кафе.

Конзумирањето малку повеќе од оваа граница може да доведе до симптоми како што се анксиозност и раздразливост, според нутриционистот Ерин Палински-Вејд, пренесува „CNN“.

Сепак, посериозните ефекти поврзани со труење со кофеин обично се јавуваат кога поединецот консумира околу 1.200 милиграми кофеин, што е еквивалентно на приближно 12 шолји кафе. Невролошки симптоми, како што се анксиозност, халуцинации, мигрена, церебрален оток и напади, се документирани во случаи на труење со кофеин. Отежнатото дишење е исто така една можна компликација.

Иако ретко, труењето со кофеин потенцијално може да биде фатално; повеќето од пријавените смртни случаи се поврзани со пиење апчиња со високи дози на кофеин.

Поврзани новости