ЗабаваШоубиз

Кој би рекол! – Мистер Бин зад сцената бил познат заводник и крал на скандалите

Мистер Бин е кралот на скандалите: Ја изневерил сопругата, ќерката се откажала од презимето…

Роуан Аткинсон  се смета за еден од најинтелегентните актери на светската сцена. Познат е како Мистер Бин и мораме да признаеме дека неговите видеа можеме да ги прегледуваме милион пати. Овој човек го следат генерации, а после Чарли Чаплин, многу критичари велат дека Аткинсон е мајстор зна комедијата.

Но, што се случува зад сцената и неговиот приватен живот? 

Имено образованието на Роуан ветувало сосема друга професија, но најпознатиот комедијант во светот, веднаш се вљубил во театарот, а како што велат многу актери, кога еднаш тетарската магија ќе влезе во вените, нема назад. Таа е како дрога на која постојано се враќаш.

Така покажувајќи извонреден талент и многу труд и работа, тој стана едно од највпечатливите лица и кога станува збор за филмот и светската кинематографија.

Имено популарниот актер, се  впуштил во светот на актерството откако магистрирал електротехника од Оксфорд, а бројни извори наведуваат дека неговиот коефициент на интелигенција е 178.

Во приватниот живот се издвојува бракот со Сунетра Састри, кој траеше од 1990 до 2015 година и заврши многу бурно.

Поранешните сопружници се запознале на телевизијата Би-Би-Си, каде Сунетра работела како шминкерка. Аферата што ја имаше славниот Мистер Бин со актерката Луиз Форд (41) им го уништи бракот. Како што напиша британски Сан, првата сопруга на актерот исклучително тешко го презеде ова предавство.

Веднаш по тоа, следел развод, а како причина било наведено неразумното однесување на Аткинсон. На цел скандал, била додадена и одлуката на ќерката на актерот Лили која се откажа од татковото и го зеде презимето на мајка си, што многумина го протолкуваа како нејзина реакција на прељубата што ја направи познатиот актер.

Сепак, на ваков потег не се одлучил синот Бенџамин Аткинсон.

Интересно е што зад најкомичниот лик, се крие сосема друга страна, па многу таблоиди тврдат дека Мистер Бин е популарен заводник.

Како и да е, Роуан Аткинсон остана во врска со Луиз и често можат да се видат во Лондон, како уживаат во прошетка со нивната ќерка Исла, која се роди во 2017 година.

Поврзани новости