ЖивотМода и убавина

Кралицата Летиција во здолниште од 25 евра го даде рецептот за совршен деловен стајлинг

Членовите на шпанското кралско семејство ја посетија Кралската академија (РАЕ). Очекувано, кралицата Летиција повторно блесна во деловна облека.

За да го стори тоа, монархот избра модел составен од нејзиното омилено кожно миди здолниште, од Hugo Boss, кое го носеше во безброј прилики и плисирана сина блуза, од брендот Paul Studio. За дополнување на модното издание, таа се одлучи за црни чевли Magritte кои ги носеше во неколку наврати.

Покрај тоа, за да се избори со студот кој деновиве владее во Мадрид, кралицата се зави во волнено палто од Манго, кое секоја дама треба да го има.

Што се однесува до накитот, кралицата избра обетки на британската компанија Latelita кои таа за прв пат ги носеше во 2020 година, додека чантата е дело на модната куќа Каролина Херера.

Овој модел на здолниште моментално е во продажба на шпанската веб-страница, а се продава по пристапна цена од 25 евра.

Поврзани новости