НАЈНОВО

КултураФилм

Култниот филм „Титаник“ се враќа во кината во ремастерирана верзија

Во пресрет на Денот на вљубените, еден од најромантичните филмови досега,  „Титаник“ на Џејмс Камерон од 9 февруари ќе биде на екраните на домашните кина, овојпат со совршен звук и кристално чиста слика, во импресивна 4К резолуција.

Помина четвртина век од прикажувањето на култниот филм во кината, во кој главните улоги ги толкуваат Кејт Винслет и Леонардо ди Каприо, кои ги освоија срцата на многумина.

Сега, 25 години по создавањето на познатиот наслов врз основа на мотивите на вистински настан, авторите на делото, на чело со маестралниот режисер Џејмс Камерон, на светската кинематографија и ја носат ремастерираната верзија на филмот Титаник, во 3Д формат и 4K резолуција со совршен звук и кристално чиста слика.

Дали можеби во филмот ќе има изненадувања, останува да видиме.

Поврзани новости