Македонија

Метеоаларм: Македонија во жолта фаза поради врнежи од дожд

Речи си цела Македонија денеска е во жолта алертна фаза како предупредување поради врнежи од дожд. Единствено за југоиточниот регион нема предупредувања.

Македонија, особено нејзиниот северозападен дел од утрово е зафатен од интензивни врнежи од дожд.
УХМР вчера објави дека во текот на денот можно е да наврнат и 20 литри дожд на метар квадратен.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд – 16 литри на квадратен метар наврна на Попова Шапка, по што следат Лазарополе со 10, Тетово со три, Маврови Анови со два и во Скопје, кај Зајчев Рид – еден литар на квадратен метар.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на ноќта имаше мала до умерена локална облачност.

Поврзани новости