ВестиСвет

Над 16.000 загинати во земјотресот во Турција и Сирија

Преживеаните од катастрофалниот земјотрес во Турција ја минаа третата ноќ во ладно време и лоши услови, а полека исчезнува надежда за извлекување на живи под урнатините.

Бројот на загинати е над 16.000 лица во двете земји, но одново се стравува дека бројката ќе расте.

Во Турција расте револтот поради наводниот бавен одговор на властите и итните служби по земјотресот, додека критичарите ја обвинуваат владата дека е слабо подготвена.

СЗО предупредува дека ладното време може да им нанесе дополнителни повреди на преживеаните. Во Сирија спасувачката акција е отежната поради оштетувања на патиштата.

Поврзани новости